Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија започнаа елиминациските натпревари од детската лига. Фудбалскиот клуб на Вардар, генерација родени “2003“ година успеа да оствари две победи и да се пласира на завршниот турнир во оваа лига.
Прв противник ни беше екипата на Шкупи, против која остваривме триумф со 3:0. Првите пет минути од мечот поминаа без некоја прилика за отварање на резултатот. Сепак на првиот погодок не се чекаше многу време, откако Александро Прелоговски успеа да ја погоди противничката мрежа, за водство на Вардар од 1:0. Во наредниот период, избраниците на Ане Андовски имаа целосна доминација на теренот и контрола на играта. Се играше вистинска “викторија“ пред голот на противникот, во иста акција имавме два удари на голот на Шкупи, а противничките дефанзивци успеваа на два пати да ја исфрлат топката од самата гол линија. Бевме одлични и во дефанзиваната линија, а нашите стопери Ѓорѓиевски и Ѓорѓоски не дозволуваа опасности кон голот на Лука Стојковски. На полувреме имавме водство и од 2:0. Изведовме корнер, на топката со глава наиде Петар Давидовски која успешно ја спроведе во противничкиот гол.
Во вториот дел, Филип Ѓорѓиевски имаше можност со глава да погоди за зголемување на резултатот, но топката помина покрај противничкиот гол. Продолживме со иницијатива на теренот, Ѓорѓиевски повлече една топка се реши да упати удар, голманот на Шкупи исфрла во корнер, што воедно беше трет направен за пенал. Сигурен реализатор беше Петар Давидовски за предност од 3:0. Последните 10 минути од дуелот ги поминавме смирено, сепак силите мораа да се чуват за следниот меч. Прелоговски и Андреев беа последните кои се заканија кон противничкиот гол, но резултатот остана непроменет.
На решавачкиот натпревар се сретнавме со екипата на Милано, која ја победивме исто така со убедливи 5:0. Противникот немаше никкава шанса за надигрување со нашите млади надежи, кои покажаа како се игра вистински фудбал. Нашиот голман Лука Стојковски направи ремек дело, откако успеа да погоди од гол на гол, за воство од 1:0. Продолживме да го напаѓаме противничкиот гол, Милано направи три корни, при што беше досуден пенал за Вардарци. Сигурен реализатор беше Петар Давидовски за водство од 2:0. Шансите пред противничкиот гол се редеа како на филмаска лента, а следниот кој се запишува во листата на стрелци е Дарио Јовановски за водство од 3:0. До крајот на првото полувреме, успеваме да постигнеме уште еден погодок за водство од 4:0. Стрелец на голот беше Филип Ѓорѓоски, откако неговите соиграчи нафрлија од корна, овој најумешно се снајде. Првиот дел заврши со овој резултат.
Во вториот дел уште погодок во противничката мрежа, за конечен резултат од 5:0. Стрелец на последниот погодок беше Алек Сељанац. Милано не направи ништо поконкретно, освен два удари кон нашиот гол, кои завршија во рацете на нашите голмани.
Генерација “2003“ со двете победи успеа да се пласира на завршниот турнир и да биде најдобрата екипа од Скопско-Кумановскиот регион. Честитки за нашите момци за двете победи.