Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Двете екипи на ФК Вардар генер. “2004“ најдобри во Скопско-Кумановскиот регион
Двете екипи на ФК Вардар генер. “2004“ најдобри во Скопско-Кумановскиот регион

Двете екипи на ФК Вардар генер. “2004“ најдобри во Скопско-Кумановскиот регион

ФК Вардар (1) и (2)  генерација родени “2004“ успеа да обезбеди учество на завршниот турнир во детската лига, откако денес беа подобри во решавачките натпревари, од екипите на Албарса и Бешикташ.

Решавачкиот натпревар за Вардар (1) беше против екипата на Албарса, кој го добивме со резултат 6:о. Одлична игра за избраниците на Филип Арсовски, кои и на овој натпревар го покажаа својот квалитет. Горазд Попов се ослободи од двајца противнички играчи, но завршниот удар завршува само покрај голот. Одлична акција на нашата десеттка во овој продор. Нова прилика имаше Вардар преку Сандро Каровски , кој биеше со глава над противничкиот гол, на нафрлена топка од Марио Ричков. Продолживме со нападите, нов кој се закани кон голот на Албарса беше Георг Стојановски, кој немаше сила во завршниот удар. Нашите млади надежи имаа целосна иницијатива на мечот, која како одминуваше натпреварот почнуваше да носи резултат. Конечно прв удар и за Албарса, сепак Стефан Тасев успешно интервенира. Георг Стојановски успева да го отвори резултатот на 1:0, по асистенција на Огнен Здравковски. До крајот на првиот дел успеваме да зголемиме на 2:0, со удар од белата точка, откако противникот направи три корнери. Сигурен реализатор беше Марио Ричков.

vardarfans pobedi

Во второто полувреме продолживме да го полниме голот на Албарса. Прв кој се обиде во вториот дел беше Ричков, кој речиси упати удар од својата половина, над голот на противникот. Голгетерот на оваа екипа, Георг Стојановски упатува вистинска “бомба“ од слободен удар за веќе предност од 3:0. Продолживме со иницијативата, не дозволувајќи на противничката екипа да направи нешто посериозно кон нашиот гол. Пречката од голот на Албарса беше нивни сојузник, за црвено-црните да не постигнат нов гол. Нов погодок за Вардар, повторно дело на Стојановски, со удар од белата точка за 4:0. Доминиравме на теренот, што резултираше со уште два погодоци во противничката мрежа. Горазд Попов најпрво зголеми на 5:0, додека конечниот резултат од 6:0 ги постави Сандро Каровски.

Одлучувачкиот натпревар за Вардар (2) се одигра против екипата на Бешикташ, кој успеавме да го совладаме со резултат од 3:1. Првиот удар беше кон нашиот гол, кој заврши покрај голот на Васко Василев. Црвено-црните успеваат да го отворат резултатот на овој меч, за водство од 1:0. Голот беше дело на Теодор Перковски. Нашите млади надежи ја повторија добрата игра од првиот утрински меч и на овој бевме во постојана офанзива. Таквата игра ни носи резултат, уште еден гол во мрежата на Бешикташ, за веќе солидно водство од 2:0. Никола Анчевски беше стрелец на овој гол, а ова момче има несомнено големо срце и чуство за фудбалската игра. До крајот на првиот дел, противникот успева да намали на 2:1, што беше и нивни почесен гол на овој натпревар. Ние имавме можност да го зголемиме резултатот, откако во шанси се најдоа Сурлов и Ивановски, кои шутираа покрај гол. Со резултат од 2:1 се замина на полувреме.

И во второто полувреме ја контролиравме играта со поголем посед на топката. Во првата половина од овој дел немаше некои големи прилики за погодок. Црвено-црните до крајот на мечот успеаа да постигнат уште еден гол, дело на Лука Ивановски за водство од 3:1. Овој резултат беше и конечен на овој меч.

vardarfans muto so golmanite

Денес одличен ден имаа и голманите на Вардар, Стефан Тасев и Васко Василев, кои на четири утакмици примија само еден погодок, што е одличен успех за нашите чувари на мрежата. Како да не бидат добри, кога покрај себе за тренер го имаат легендарниот Слободан Мутибариќ, кој е присутен на секој нивни меч и сета љубов кон Вардар им ја пренесува и на нив.

Двете екипи на оваа генерација предводени од Филип Арсовски се најдобри во Скопско-Кумановскиот регион, кои излегоа како победници против сите останати екипи, што е голем успех за оваа генерација. Честитки и од наата редакција, која е “верна“ сенка на сите нивни натпревари.