Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Со два триумфа ФК Вардар генер. 2007 ги започна елиминациските мечеви во детската лига
Со два триумфа ФК Вардар генер. 2007 ги започна елиминациските мечеви во детската лига

Со два триумфа ФК Вардар генер. 2007 ги започна елиминациските мечеви во детската лига

Фудбалскиот клуб Вардар (1)  генерација “2007“ денес одигра дуел во елиминацискиот дел од детската лига со екипата на Македонија Ѓорче Петров, истиот се играше на терените на ФК Работнички. Во овој дуел бевме подобра екипа која го контролираше резулататот и имаше десеттина шанси за погодок. Во овој дуел однесовме победа со  3-1, на полувреме исто така заминавме со предност 1-0. Првиот дел кој изобилуваше со шанси за нас го завршивме со погодокот на Петар Мицевски, кој го одтвори резулатот со гол за 1-0 кој подоцна се покажа како единствен во првиот дел. Вториод дел го почнавме повторно офанзивно погодивме неколку стативи. Казната стигна и противникот успеа да изедначи на 1-1. Сепак ние тргнавме да го решиме мечот во наша корист. По неколку пропуштени прилики успеавме двапати да погодиме преку Борјан Томовски Со победата од 3-1 “си закажавме„ дуел утре наутро со силната екипа на Форца во 9-00 часот на истиот терен.

srede

Во вториот меч ФК вардар (2) се сретна екипата на Скупи (2) и овде однесовме триумф со минимални 1-0. Прва шанса имавме преку Лео Манчев кој шутна крај голот. Втора Шанса имаше Јаковчевски Кристијан кој со волеј ја погоди мрежата од надворешниот дел. На нашиот гол одлична двојна одбрана забележа Михаел Јордановски. Погодуваме преку соло акцијата на Димитар Фидановски кој шутна силно по земја и погоди во долниот десенагол. До крајот на првиот дел Драган Лебариќ погодува статива што воедно е последна наша прилика.

Во вториот дел почнуваме офанзивно со цел да постигнеме решавечки втор погодок. Прва голема шанса има Војо Стојановски кој беше сам пред голот и со волеј погодува над гредата. Имаме целосне посед на топката во продолжение, преку Младен Тарчуловски се закануваме двапати. Тарчуловски првин со силен удар од волеј се заканува но голманот на нашиот противник боксува, а во втората прилика две минуту до крајот погодува над пречката. Докрајот уште една убава одбрана за нашиот голман која носи победа на овој дуел. Утре оваа екипа ќе се сретне со тимот на Спортефе во 9-35 на терените на Фудбалскиот клуб Работнички каде и денес се одигра дуелот.