Денес кадетите на фудбалскиот клуб Вардар во Тетово одиграа првенствен меч со тимот на Ренова во рамки на претпоследното коло од лигата. Црвено-црните избраници на Колев забележаа пораз со резулат 2-1. Стрелец на единствениот гол за нас беше Михаил Геговски.
Тренерот Влатко Колев за овој гостински меч се одлучи да го почне со следните 11 фудбалери : Тимевски, Џуклевски, Тасевски, Серафимов, Насковски, Менкиноски, Стојчевски, Дишлиевски, Петревски, Трајчевски, Јахја.
По првиот дел “гипсарите“ имаа водство од 1-0 со ран гол во 9 минута, стрелец на истиот беше Исмаили, со овој резулат се замина на одмор. Овој меч немаше резулатски значање за нашите кои во минатото коло со поразот од Металург ги изгубија шансите за титула, а дел од силите чувавме за фуналето во Купот во четврток со Академија Пандев. Во вториот дел двете екипи погодија по еднаш за конечни 2-1. Најпрво во 68 минута домаќинот Ренова зголеми на 2-0 со голот на Билали. Ние успеавме да намалиме преку Геговски во 78 минута кога беше постигнат конечниот резултат од овој дуел. Во последното 22.коло се сретнуваме со екипата на ФК Милано од Куманово, овој последен меч ќе го играме како домаќини во скопско Марино.