РК Вардар по единаесети пат во својата историја го освои Купот на Македонија. Денеска нашите момци го надиграа и лесно го победија лутиот скопски ривал тимот на РК Металург. Нашиот тим овој натпревар го доби со резултат 31-24 (16-12) Денеска бевме ослабени со неиграњето на нашиот главен играч во одбраната Илија Абутовиќ, кој поради повреда добиена на вчерашниот меч против Охрид неможеше да им помогне на своите колеги. Исто така во тимот ги немаше денеска Брумен и Милиќ.
Натпреварот започна со гол за Металург, потоа следуваше уште еден гол на Металург за 2-0, потоа Вардар денеска прв погоди преку Македа за 2-1. Следуваше изедначена игра гол за гол на двете страни се до 15-сетата минута од мечот. Штербик и Дупљачанец се до оваа минута имаа одлични одбрани зад себе. Во 12 минута Вардарци дојдоа до водство од 5-4, потоа следуваше уште еден гол за Вардар за +2 и највисока предност за нашиот тим на овој дуел. Како наближуваше втората половина од првиот дел Вардарци ја зголемуваа предноста, таа на моменти достигна и 12-7 со голот на Горбок во 18 минута. Потоа следуваше уште еден гол за нашиот тим, дело на Тоскиќ за највисоки денеска +6. Потоа Металург со серија од 3-0 дојде на -3 во 23 минута од натпреварот 13-10. Вардарци малку се опуштија, па примија уште еден погодок за 13-11. Се до крајот на првиот дел Вардарци одиграа подобро во нападот и дојдоа на +4. На крајот од првиот дел резултатот гласеше 16-12 за нашиот тим.
Во вториот дел прв погоди Дејан Манасков од пенал за предност од +5 17-12. Потоа и Тоскиќ постигна погодок, за втор пат денеска +6 18-12 во 34 минута од натпреварот. Уште еден гол, преку Душебаев за највисоки денеска +7 во 35 минута од натпреварот. Погоди и Металург за прв пат во вториот дел преку Вујовиќ за 19-13, следуваше уште еден пенал за нашиот тим во следниот напад, Манасков ја зеде топката, биеше и погоди со неговиот трет погодок денеска за 20-13. Следуваше најубавиот погодок денеска, во 38 минута од натпреварот со цепелин Дибиров додаде до Шишкаред кој погоди за нови +7. Се играше 45 минута од натпреварот, а Манасков со својот четврти погодок денеска донесе предност од 24-18. Oдличниот Штербик денеска ја забележа и 11 одбрана во 47 минута од мечот. На десет минути до крајот резултатот беше 27-20 и се беше јасно веќе на овој дуел околу победникот. На пет минути до крајот на финалниот натпревар резултатот беше 29-22.
Крај на натпреварот: РК ВАРДАР – РК Металург 31-24 . Честитки до нашите играчи и стручниот штаб за овој трофеј!