Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: РК Урдаревски Вардар обезбеди финале кај генер.2000/01 во машка конкуренција
Јуниор лига: РК Урдаревски Вардар обезбеди финале кај генер.2000/01 во машка конкуренција

Јуниор лига: РК Урдаревски Вардар обезбеди финале кај генер.2000/01 во машка конкуренција

Вчера во спортскиот центар “Јане Сандански“ во ракометната Вардар Јуниор лигата се сретнаа екипите на РК Бисинов-Вардар и тимот на РК Урдарeвски-Вардар. Во овој  меч од   полуфиналето  за момчиња родени во генерацијата 2000/2001 поуспешен беше тимот на Урдаревски по одиграните продолженија  со 23-21,  мечот заврши по 50 минути ракомет ( се играше 2х25) со реми 20-20 со победата тие си обезбедија место во финалето.

Први со гол мечот го отворија момчињата од тимот на РК Бисинов-Вардар, по што во следната акција следуваше изедначување. Се играше гол за гол на двете страни паднаа по три погодоци за реми резулат 4-4 на семафорот  во малата сала при спортскиот центар “Јане Сандански“. Бисинов прват поведе со “два плус“ што беше премиерно водство на едне тим со толкава разлика. По ова водство пак игра израмнета гол за гол и во последните 10 минути се влезе со резулат 9-7. Истото темпо на изедначен дуел траеше до крајот на првиот дел со тоа што играчите на РК Урдарeвски-Вардар успеаа да отидат на одмор со само гол негатива 12-11. Фотогалерија од овој меч може дапогледнете тука.

5
Вториот период од 25 минути колку што се играше овој дуел први со гол за 12-12 го отворија РК Урдарeвски-Вардар. Се наговестуваше дека дуелот ќе заврши со реми или со минимална победа на едниот тим до крајот на  мечот дури девет пати резулатот на семафорот беше изедначен така и се заврши регуларниот дел со 20-20. По крајот на мечот следуваа продолженија “два по пет“ кои требаше да го дадат победникот.  Овие 10 минути изобилуваа со многу фаули, цврста игра, малку голови, посветеност на одбраната знаејќи го влогот кој беше финале за двата колектива, во тие 10 минути се постигнаа само 4 гола од кој 3 имаше РК Урдарeвски-Вардар кој со тоа го завери финалето. Кај победниците најефикасен беше Чакалиќ со 8 гола и Стојановски со 6 погодоци, кај поразените Аврамснки имаше исто така 8 гола, а Јанков забележа 6 погодоци зад своето име.