Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Херојски подвиг за избраниците на Кралевски, кои се надминаа себе си, победувајќи на три последователни натпревари, со кои се најдоа на завршниот турнир
Херојски подвиг за избраниците на Кралевски, кои се надминаа себе си, победувајќи на три последователни натпревари, со кои се најдоа на завршниот турнир

Херојски подвиг за избраниците на Кралевски, кои се надминаа себе си, победувајќи на три последователни натпревари, со кои се најдоа на завршниот турнир

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2006“ година успеа да обезбеди пласман на завршниот турнир во детската лига, откако денес беа подобри дури од три противнички екипи. Херојски подвиг за избраниците на Кралевски, кои покажаа карактер на големи играчи, играјќи три последователни утакмици.

На првиот натпревар за противник ја имавме екипата на Ринија. До триумфот стигнавме со пресврт, бидејќи противникот имаше водство од 0:1. Ние имавме први обид да го отвориме резултатот, преку Марко Николовски, но голманот на Ринија го брани неговиот удар. Противникот успева рано да поведе и тоа со гол со глава, поради едно невнимание во нашата одбрана. Овој примен гол како да ги разлути Вардарци, кои до крајот на натпреварот имаа целосна иницијатива. Удари упатија Крстевски и Голубов, повторно противничкиот голман брани и е сигурно најзаслужен што долго време неговата екипата беше во резултатска игра. Голема шанса имаше повторно Николовски, исто така и Колоски, но резултатот остана непроменет. Сепак во последните пет минути од првото полувреме, црвено-црните успеваат да го израмнат резултатот и тоа со авто-гол на противникот за 1:1, кој беше актуелен по првиот дел.

vardarfans pobeda

Во второто полувреме не застанавме во нападите на противничкиот гол. Крстевски и Голубов се обидоа, но среќата сеуште не беше на наша страна. Конечно Давид Голубов погодува за водство од 2:1, за голема радост на нашите млади надежи. Во продолжение од мечот се играше вистинска “викторија“ пред голот на Ринија. Крстевски и Цониќ беа блиску до погодок, но нивните шанси останаа нереализирани. Ринија можеше да ги казни нашите промашувања и на сличен начин да постигне и втор погодок, но сепка имавме среќа во оваа акција. Во последните две минути постигнуваме уште еден погодок, дело на Марко Николовски, за конечен резултат од 3:1.

Нов возбудлив натпревар за нашите млади надежи, кои за противник на вториот натпревар ја имаа екипата на Нови Лисици. Дури по изведувањето на удари од белата точка, младите Вардарци однесоа победа на овој натпревар. “Инфаркт“ завршница, на која ние подобро се снајдовме. На голот го имавме одличниот Андреј Данстак, кој успеа да одбрани дури два пенали. Ние пак реализиравме два пати, а два удари промашивме. Сигурни реализатори беа Дамјан Крстевски и Марко Николовски, за конечни 2:1 по пенал серијата. Заслужен триумф за Вардар, кои имаа поголем посед на топка и добри шанси за погодок.

Немаше многу одмор за избраниците на Кралевски, кои одиграа уште еден трет последователен меч, за пласман на завршниот турнир. Последната пречка ни беше екипата на Албион, која ја победивме минимално со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Давид Голубов и тоа со гол во второто полувреме. По првиот дел резултатот беше 0:0. И на овој дуел пруживме одлична партија, имавме неколку шанси за поубедлива победа, сепак и еден гол беше доволен за триумф.

Честитки за храбрата игра на нашите млади момчиња, кои покажаа голема желба за надигрување и пред се победа. Да се одиграат три натпревари по ред, со само 7 дечиња е големо достигнување за нашите млади надежи, кои несомнено имаат големо срце.