Предмалку ФК Вардар со свечена цеременија ја отвори Академијата за млади фудбалски надежи зад источната трибина. Нашиот фудбалски клуб е прв во земјава со ваквов простор за идните фудбалери. Истата ја отвори сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко, присуствуваше градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, тренерите во младинските школи и други. Истата ја освети Г.Г Стефан арпископот охридски и македонски. На свеченоста во својот говор г-н Самсоненко говореше за досега изградената инфраструктура за фудбалскиот клуб од негова страна и вети дека нема да застане тука и дека ќе гради и понатаму. Својот говор го заврши со реченицата “ Вардар еден живот, една љубов“ пошто доби еуфоричен аплауз од присутните. Освен ј отворањето на академијата, се поставија и темелите за управна зграда на клубот и музеј и фан-шоп кој ќе биде сместени до Академија.