Пионерите на ФК Вардар остварија важна и убедлива победа во дуелот со Ренова денес во Марино во битката за титулата. Со победата од 7-1 се враќаме на лидерското место со бод предност на коло до крајот. Тодоровски го стартуваше го старуваше мечот со следните играчи: Велковски, Филиповски, Каркалашев, Ѓорѓиевски А. , Рамиќ, Дарлишта, Ристовски, Ѓорѓиевски М. , Бериша, Беќити, Пешевски.
Тргнавме уште од почетокот во атак за остварување на победа , прв се закани Дарлишта кој искочи сам на сам со Илиза, но голманот на “гипсарите“ поуспешен во овој дуел. Оторивме рано веќе во 3 минута со гол на Ѓорѓиевски Марко од мртов агол. Напаѓаме во текот на првите 10 минути, Ренова има шанса но одлично брани нашиот голман Мето Велковски. Веќе во 13 минута Ѓорѓиевски Александар со глава погодува за 2-0 по одличен центаршут од десната страна. Повторно Дарлишта е во прилика за гол шутира од 16-17 метра,сепак повторно голманот на гостите е поуспешен од нашиот играч. Продолжуваме да атакуваме за да постигнеме трет гол во продолжение, пионерите на тетовци се целосно повлечени во одбрана. Битиќи е доста активен и е постојана закана за гостинската екипа во нападот, Бериша упатува волеј кој минува крај левата статива. До крајот на првиот дел повтроно погодува Ѓорѓиевски Марко по асистенција на Пешевски , тој ја прима у умешно пласира за 3-0 во 39 минута.
Вториот дел го почнавме мирно, по едно наше невнимание на целата одбрана во 2 минута гостите успеваат да намат на 3-1, што ќе биде прв и едниствен погодок на Ренова во овој меч. Во 4 минута од вториот дел веднаш враќаме најпрвин солопробив има Битиќи тој шутира силно, а Јунузи си постигнува автогол за 4-1. Бериша постигнува гол за “петарда“ во мрежата на гостите од Тетово во 49 минута од мечот. Во продолжение имаме две прилки преку одличниот Филиповски Мартин двапати влегува во казнениот простор од десната страна и двапати шутира крај голот. Благојевиќ има шанса во продолжение за нас тој 16 метра шутира крај левата статива од голот на Илази Енес. Истиот играч веќе во следната шанса погодува за 6-1, при подор шутира одлично по земја и погодува крај стативата . Докрајот продолживме да атакуваме да дадеме гол повеќе, тренерот Тодоровски Сашо изврши повеќе измени меѓудругите му даде шанса и на голманот Денковски Давид на место на Велковски Мето. Филиповски Мартин конечно му се насмејува среќата и по неколку промашени удари во последната 80та минута ( мечот во оваа актегорија се игра 2х40 мин) погодува за 7-1 што е конечен резулат од овој дуел. Со оваа победа во последниот дуел во Куманово кај Милано треба со триумф да ја завериме титулата, оваа категорија веќе има трофеј во Купот на Македонија.