Mладинската екипа на РК Вардар предводена од Зоран Петковски денеска одигра натпревар во рамките на Фајнл-форот против РК Металург. За жал нашите млади момчиња загубија со резултат 34-24 (17-14).
Нашите млади играчи започнаа добро во првиот дел, Иако во текот на целиот натпревар бркаа негатива, сепак се до крајот на првиот дел се играше еден неизвесен натпревар против големиот фаворит на овој дуел. На половина од првиот дел во 16 минута тимот на Автокоманда имаше предност од 12-7, се до крајот на првиот дел се играше неизвесно, за на крај, на полувреме да се замине со три голови предност за Металург.
Во вториот дел некако како да ги стигна заморот нашите играчи. Успеавме да постигнеме само десет голови за 30 минути, што беше премалку за да се добие овој натпревар, и да отидеме во големото финале вечерва. Извонредна партија во вториот дел имаше голманот на Металург, кој успеа да одбрани четири пенали на нашите играчи. Како одминуваше натпреварот, противникот си ја зголемуваше предноста, за на крај да изнесува високи 10 голови. Иако кој го гледаше натпреварот ќе признае дека нашите млади играчи одиграа одличен меч против овој фаворизиран тим.
Најефикасни кај нас беа: Антонио Јаневски (8), Димитров Никола (5), Стефан Апостоловски (4).