Денеска во скопската населба Марино свој меч одиграа помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар и гостите од Тетово екипата на ФК Ренова. Црвено-црните беа поуспешни во овој дуел од претпоследното коло со резултат 3-1 , на одмор се замина со наше водство 1-0.
Мечот Сашо Јанев реши да го почне со следниот состав : Рамадани, Чурлинов, Мирчевски, Манасиевски (к) Апостоловски, Бојковски, Петковски, Ристовски, Ариф, Астарџиев, Николов. Црвено-црните целосно доминираа во сите аспекти на фудбалската игра ние игравме офанзивно во текот на првото полувреме. Голот сигна рано уште во 13 минута кога по една мешаница одлично погоди и го отвори резулатот Петковски Виктор играч кој го одбележа денешниот меч. Ренова во текот на првиот дел не се закани ниту еднаш опасно кон голот на Рамадаи Суфјан кој го бранеше нашиот гол на денешниот меч. Ние покрај голот имавме прилика преку Николов Андреј кој искочи еден на еден со голманот на гостите Таири, но неуспева да погоди. Во 30 минута одлична шанса има Ариф Ибраим за црвено-црните и тој не успева во ситуација сам на сам со голманот на гостите. Пет минути до крајот на мечот истиот играч имаше шанса беше во соло-пробив во мементот пред да упати опасен удар од непосредна близина одбраната на гостите ја исчисти оваа топка во поле.
Вториод дел го почнавме офанзивно прва прилика имавме преку Апостоловски , гостите се целосно дефанзивно поставени и се определени на одбрана со цел да се закануваат повремено од контранапади. Втора голема прилика во вториот дел имаме преку Петковски Виктор чии шут го боксува голманот на Ренова Таири. Ренова се закани од контра силно по земја упатија удара но нашиот голман Рамадани фантастично брани. Повторно ние сме сме офанзивни повеќето од нападите идат преку фантастичниот денес Петковски. Во 50 минута со шут од 16 метра се обиде Ристовски Давид топката мина крај левата статива од голот на “гипсарите“. Црвено-црните избраници на Јанев Сашо атакуваат за зголемување на водството, целосно ја контолираме играта, Ренова се брани со 11 играчи во својот казнет простор, Петковски одлично центрира до Ристовски, но голманот Таири во последен момент ја трга топката од ногата на нашиот играч и ја исфрла во поле. Ренова се обиде да од корнер кратко проиграа два нивни играчи упатија опасне центаршут сепка вардаровиот голман беше на висина на задачата тој ја одби топката во поле. Студен туш во 20 минута во вториод дел Ренова по грешка на целата наша одбрана успева да изедначи 1-1, ова реми целосно е незаслужено ако се земе дека гостите целосно беа ориентирани на дефанзива и не размислуваа многу на нашиот гол . Следната минута не посакува среќата по казнен удар заради три корни на противникот добиваме шанса да поведеме. Топката стига до Астарџиев Давид кој мајсторски погодува за 2-1. Веќе по 2 минути гостите исфрлаат во нова корна и повторно имаме ваква прилика овојпат истиот играч погодува крај левата статива од голот на Таири. Петковски Виктор повторно се заканува кон голот на тетовци влегува во казнениот простор од десна страна шутира силно, но голманот на тетовци повторно поуспешен. Истиот играч промашува пенал кој го досуди главниот судија Петровски Милан по еден прекршок над наш играч, топката ја упати силно во левата статива. Астарџиев промашува казнет удар по корна , тој успева да шутне силно по земја но тоа беше лесен плен за голманот на гостите бидејќи топката беше блиску до местото каде тој стоеше. Во последната минута добивме повторно пенал одкако гостинскиот играч направи фаул над Спировски, успешен реализатор беше Асенов Марио.