Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тоскиќ е прогласен за МВП на завршниот турнир во купот, Штербик е најдобар голман
Тоскиќ е прогласен за МВП на завршниот турнир во купот, Штербик е најдобар голман

Тоскиќ е прогласен за МВП на завршниот турнир во купот, Штербик е најдобар голман

Ракометниот клуб на Вардар по 11-ти пат во својата историја успеа да го подигне трофејот од купот на Македонија. Црвено-црните во големото финале беа подобри од екипата на Металург, со резултат 31:24 и на тој начин го одбранија трофејот освоен минатата сезона во истово натпреварување.

vardarfans toskic MVP

На крајот беа доделени наградите за најдобар играч, голман и стрелец. За МВП на завршниот турнир беше прогласен кој друг ако не Алем Тоскиќ. Човекот со големо срце за кој ова се последните мечеви во црвено-црниот дрес на крајот сосема заслужено го доби признанието за најкорисен играч. Во финалниот меч беше стрелец на четири погодоци, но неговата борбеност на пикерската позиција и квалитет кој го поседува му ја донесоа оваа награда. Арпад Штербик пак е најдобар голман, тој мечот со Металург го заврши со 15 успешни интервенции и беше еден од најзаслужните за првото место. Во конкуренција на најдобри стрелци наградата му припадна на Филип Талески од редовите на Металург, кој постигна 11 гола, идентично како и Дејан  Манасков.

Вардар ќе има можност да ја брани титулата и во домашната лига, откако до овој период има максимален број на освоени бодови во плејофот на супер лигата.