Младите ракометарите на најмладиот црвено-црн сениорски состав екипата на Вардар 2 гостуваа во рамките на Првата лига која е втора по квалитет во земјата и однесоа триумф во диелот со тимот на Преспа 2010. Со победата во Ресен со резулат 20:22 (13:12) се зацрврстивме на втората позиција во лига, која според пропозициите второто место води во баражот за пополнување на Супер лигата.
На овој дуел дојдовме до победа од два гола и ако на полувреме со исто толку погодоци негатива се замина на одмор. Избраниците на Стојан Петрушевски почнаа од првата минута офанзивно во нападот и со силна одбрана атакувајќи на бодовите од овој меч. Вардарците веќе на самиот почетокот со серија 0:3 поведуваат. Домаќините успеваат да се вратат во мечот првото изедначување го имаат на резулат 5-5, по што следи игра гол за гол со неколку израмнување на резултатот се до резулат 9-9, по што домаќините прават финална серија 4-2 со која на одмор мечот го носат со резулат 13-11 . Второто полувреме први го отрвараме со гол по што следат уште три наши погодоци за серија од 0-4 и наше водство од 13-15. Домаќините враќаат со два последователни голови за реми резулат 15-15. Во продолжение игра гол за гол на двете страни, се постигнаа по три погодоци во двете мрежи за резултат 18-18. Ние со два последователни голови во 53 минута успеавме да поведеме предност која во продолжение ќе се покаже како клучна за наша победа. Двата тима во последните 6-7 минути успеваат да постигнат по два гола и мечот завршува со наша победа од 20-22. Овој дуел заостанат меч , и по неговото одигрување Вардар 2 е на зацврстнат на втората позиција со 48 бода, пред нас е екипата на ХЈС Работник со 54 бода. Следниот предизвик за младите вардарци ги очекува веќе во сабота кога гостуваме на екипата на Струга, тој дуел е закажан со почеток во 12 часот. На вчерашниот дуел кај нас стрелаа : Тоше Ончев беше прв стелец со постигнати 10 гола, зад него беа Александар Димовски и Стефан Трпчевски со по 5 гола, а по еден гол постигнаа Никола Стојковски и Кристијан Анастасовски.