После освојување на трофејот од купот на Македонија, нашиот машки ракометен шампион се враќа на настапите во најсилната супер лига. Во петок (13:00), во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански домаќини сме на последнопласираниот тим на Работнички. Избраниците на Андон Бошковски се наоѓаат на последното место на табелата, без ниедна победа и вкупно пет порази. Изминативе месец дена одигравме два натпревари со овој противник, на кои забележавме убедливи победи. Првиот меч беше во рамките на второто коло од супер лигата, каде во истава сала како формални домаќини, триумфиравме со резултат 26:38. Вториот меч се одигра во С.Ц. Јане Сандански во четвртфиналната група од купот, каде црвено-црните славеа со резултат 42:26.
Вардар се наоѓа на првото место на табелата, со максимални 18 освоени бодови. До крајот на сезоната има уште четири натпревари за одигрување. После освојување на купот, одиме и на првенствената титула, со што трета година по ред би ги обединиле домашните трофеи.