Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Наташа Нолевска: Сите “потајно“ верувавме дека можеме да завршиме на второто место и многу сме блиску да ја оствариме таа цел
Наташа Нолевска: Сите “потајно“ верувавме дека можеме да завршиме на второто место и многу сме блиску да ја оствариме таа цел

Наташа Нолевска: Сите “потајно“ верувавме дека можеме да завршиме на второто место и многу сме блиску да ја оствариме таа цел

Ракометарките на Вардар Јуниор направија голем исчекор кон освојување на второто место на табелата во најсилната супер лига. Избраничките на Симе Симовски беа подобри во дербито од екипата на Металург, триумф кој на крај најверојатно ќе им донесе настап во ЕХФ купот од следната натпреварувачка сезона. Најважниот меч оваа сезона во дуелите со тимот од автокоманда го добивме и со тоа си ги зголемивме шансите за тоа второ место, во случај на идентичен број на освоени бодови ние сме пред Металург, поради подобриот меѓусебен дуел, Резултатот конечен во С.Ц. Јане Сандански беше 25:19. Теодорора Керамичиева ги предводеше Вардарки до триумф со 7 голови, додека Наташа Нолевска постигна 5.

-Тежок натпревар како и сите претходни против екипата на Металург. Покажавме силен карактер, одигравме најдобро кога беше најтешко. Пред само три дена во Автокоманда загубивме со голема разлика. Металург очекуваа дека лесно ќе победат и на овај натпревар, но одигравме тимски, со цврста одбрана и заслужено славевме. Оваа сезона сите “потајно“ верувавме дека можеме да завршиме на второто место и многу сме блиску да ја оствариме таа цел. Но првенството не е готово и нема простор за опуштање, играме до крај па дури потоа ќе се радуваме, изјави Наташа Нолевска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски