Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Слатка одмазда за Металург, ЖРК Вардар Јуниор го надигра противникот во борбата за второто мсто
Слатка одмазда за Металург, ЖРК Вардар Јуниор го надигра противникот во борбата за второто мсто

Слатка одмазда за Металург, ЖРК Вардар Јуниор го надигра противникот во борбата за второто мсто

Младата екипа на ЖРК Вардар Јуниор се одмазди на најдобар можен начин за поразот од полуфиналето во купот на Македонија. Денес во спортскиот центар Јане Сандански избраничките нa Симе Симовски направија голем исчекор кон освојување на втората позиција на табелата во супер лигата на крајот од сезоната. во решавачкиот меч за второто место, младите Вардарки беа подобри од екипата на Металург.

Првите 15 минути од мечот поминаа израмнето со гол за гол на двете стани, каде ниедна од екипите не успеа да се одалечи од повеќе од еден гол разлика. Во првиот дел имавме можност да проследиме мал број на постигнати голови. Во таква игра подобро се снајдоа црвено-црните, кои максимално ги искористија грешките на противникот во нападот, за да направат серија од неколку погодоци и на полувреме да заминеме со водство од 12:8, иако во еден момент пред крајот на првиот дел имавме и највисоки пет голови разлика.

Второто полувреме започна со два наши погодоци за највисоки шест голови разлика 14:8. Во овој период на играта на голот ја имавме одличната Љупка Белмезова, која скроти неколку чисти зицер удар на тимот од Автокоманда. До крајот на натпреварот успеавме да ја задржиме стекнатата предност и да го завршиме мечот со триумф од 25:19.

Керамичиева беше најефикасна со 7 погодоци, додека Нолевска запиша 5. Ова е можеби најважната победа оваа сезона за Вардарки во дуелот со големиот ривал. На гостувањето во Автокоманда загубиве само со еден гол разлика, така да во случај на крајот да имаме ист број на бодови црвено-црните ќе бидат подобро пласирани.

Вардар јуниор: Белмезова 7 одбрани (1 пенал), Ладева (3 одбрани), Прленда 4, Петровска, Стојановска 4, Трпковска 2, Георѓиевска, Николовска, Митова 2, Бојаџиска 1, Нолевска 5, Велкова, Џини, Керамичиева 7, Мишевска, Гичевска.