Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Успешно заврши посетата на Борусија Дортмунд кај пионерките на Вардар
(ФОТО) Успешно заврши посетата на Борусија Дортмунд  кај пионерките на Вардар

(ФОТО) Успешно заврши посетата на Борусија Дортмунд кај пионерките на Вардар

Црвено-црн женски ракометен колектив Вардар успеа да воспостави соработка со германската ракометна екипата на Борусија Дортмунд , со цел  промовирање на меѓусебна соработка и развој на пријателства. Како чекор кон остварување на оваа меѓународна соработка пионерките на Вардар  ги нагостија своите врсници од Германија.

bvb

Според договорената програма германските млади ракометарки  гостуваа во нашиот главен град Скопје  во периодот од 13 мај   до 18 мај (денес). Се  одиграа три меѓусебни средби, а покрај ова двата тима  имаа и заеднички тренинзи. Далеку поискусните  ракометарки од Германија успеаа  трипати да триумфираат, сепак поважно беше вардаровите пионерки  да имаат тешки натпревари во кои ќе соберат  потребно искуство во меѓународни натпревари. Пионерките на црвено-црните  се преводени од Драгана Ристова-Пецевска, тие  уште во почетокот на април ги завршија мечевите во првенството, па со цел воигрување на оваа генерација која прва година настапува заедно тие потоа учествуваа на турнирот “Велкова 5“. Кај гостите од  Борусија Дортмунд  кормилар е  Наташа Коцевска која е поранешната репрезентативка на нашата земја и истата веќе  повеќе години работи во Германија. Двете екипи имаат договорено и во иднина наши младински екипи да гостуваат во Германија, со план и таму да имаат  заеднички тренинзи и мечеви.

op op3