Во спортско рекреативниот центар “Кале“ денес се одигрува ракометната Вардар јуниор лига. На програмата се полуфиналните мечеви во машка и женска конкуренција кај генерациите 2002/2003 и кај 2004/2005 година. Во првото полуфинале кај момците родени 2004 и 2005 година своите сили ги одмерија екипите на Академија 1 и Академија 3. Прв финалист убедливо во оваа возрасна категорија е Академија-1 која ги “потопи“ противниците од Академија-3 со 17-2.
Прв гол на почетокот постигнаа ракометарчињата на Академија-1, а потоа погодија уште три пати за почетно водство со 4-0 што го највави “бродоломот“ на Академија-3. Академија-3 погоди првпат и успеа да се врати во мечот сепак во продолжение и ако се трудеше и имаше прилики не успеа да погоди за намалување на 4-2. Следуваше нова серија во нивната мрежа овој пат 3-0 за на семафот во спортско рекреативниот центар “Кале“ стои 7-1 за Академија-1. Момците на Академија-3 успеаа да намалат на 7-2 што ќе се покаже како нивни последен гол во првиот дел, а подоцна се покажа и како последен гол воопшто на дуелот за нив. До полувремето Академија-1 погоди уште три пати за да се замине на одмор со 10-2. Вториот дел беше специфичен бидејќи Академија-3 колку и да се трудеше не успеја да постигне ниту еден гол. Во одбараната одиграа подобро од првиот дел примија три гола помалку односно 7. Мечот заврши со победа на Академиај-1 од 17-2. Најдобар стрелец кај победникот беше Андовски со 6 гола, а Табаков постигна 4 погодоци.