Денес во спортско рекреативниот центар “Кале“ се одиграа полуфиналните мечеви во машка и женска конкуренција кај генерациите 2002/2003 и кај 2004/2005 година. Во првиот утрински дуел се сретнаа во полуфиналето кај младите дами во генер.2002/2003 екипите на Кастратовиќ Вардар 2002 и Ново Лисиче Вардар. Поуспешна беше екипата на Кастратовиќ 2002 која си обезбеди место во финалето, тимот на Ново Лисиче ќе игра меч за третата позиција.
Токму победникот на овој дуел тимот на Кастратовиќ 2002 прв отвори со два последователни гола. Првиот дел изобилуваше со доста борба, цврста игра и малку погодоци на двете страни. Ново лисиче успеа да намали на 2-1, но Кастратовиќ повторно погодува двапат по ред за најголемо нивно водство од три гола 4-1. До крајот се играше помалку ефикасно двете екипи погодија само по двапати во двете мрежи и со “плус три“ Кастратовиќ замина на одмор, резулатот на семафорот во салата “Кале“ на одморот беше 6-3.
Тимот на Кастратовиќ исто го почна и вториот дел со погодок одејќи на најголемо водство плус четири, Вториот дел беше далеку поефикасен од првиот екипите ставија акцент на нападот во ова полувреме. Во следните пет минути по два погодока на двете страни резулато е 9-5. Кастратовиќ ја прави тука клучната серија 3-0 која ќе ја донесе победата во ова полуфинале, тие со трите последователни гола зголемуваат на 12-5 што ќе се покаже како недостижно за Ново Лисиче во продолжение. До крај игра гол за гол на двете страни, тимот на Кастратовиќ 2002 со ваква игра си го чува водството. Мечот заврши со резултат 16-10.