Изминативе три дена кадетките на ракометниот клуб Вардар генерација родени 2000/01 година ќе бидат дел од третото издание на силниот меѓународен турнир, за девојки родени 2000 година и помлади, кој ќе се одржи во Никшиќ ( Црна Гора). Вкупно десет екипи од пет различни земји, поделени во две групи ќе се натпреваруваат на овој турнир.
Група 1
Левалеа (Црна Гора)
Вардар ( Македонија)
Никшиќ (Црна Гора)
Раднички Крагуевац (Србија)
Сесвете (Хрватска).
Група 2
Будуќност (Црна Гора)
Репрезентација на Словенија (2000)
Подравка (Хрватска)
Дубица (БиХ)
Локомотива (Хрватска).
На отварањето на овој турнир избраничките на Анжела Платон беа убедливо порзени од домаќинот на турнирот, екипата на Никшиќ, со конечен резултат од 16:8. Утрово од 10 часот го играме вториот меч од групата, противник ни е екипата на Сесвете. Се надеваме на подобро издание на нашите млади надежи и прв триумф на турнирот.