Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор триумфално со Пролет со што и официјално и догодина сме суперлигаши
Вардар јуниор триумфално со Пролет со што и официјално и догодина сме суперлигаши

Вардар јуниор триумфално со Пролет со што и официјално и догодина сме суперлигаши

Младата вардарова  екипа тимот предводен од Пепи Манасков од клупата  Вардар јуниор вчера  го совлада тимот на РК Пролет `62 со резултат  23:17. Ова беше дуел од шестото коло  во  Плеј-аутот сегментот во Супер лигата на Македонија. Со оваа победа на неколку кола до крај си ја потврдивме суперлигашката “виза“ и за натпреварувачката сезона 2016/2017 година , односно и  математички го загарантира опстанокот  иако истиот беше јасно дека ќе го обезбедат и од порано.

Тимот на Вардар јуниор  е второ пласиран тим на табелата кој  има 34 бода. За нас до крај  преостануваат три кола,  претпоследниот тим екипа која игра бараж за опстанок односно моентални ГРК Борец има 20 со што и теоретски не може да не стигне до крајот на разгигрувањето. Победата остварена против скопскиот ривал РК Пролет дојде со цврста, машка и одлична игра во вториот период од мечот. Првите 30 минути ракомет завршија со  резултатска симетрија  10-10.  Црвено-црните  почнаа офанзивно и со водство во првото полувреме  истото  го отворија со 5-2. Во продолжение тимот на РК  Пролет се врати за да изедначи на 8-8, а до крајот двата тима постигнаа по уште два гола за да се замине со резулат 10-10 на паузата. Во вториот дел  по одигрувањето на првите 10 минути резултатот на семафорот беше 14-13. Избраниците на Пепи Манасков потоа успеа да направат серија од 3-0 за водство 17-13 што беше првпат за нас да отидеме на плус четири. Потоа гостите од екипата на РК Пролет се доближиа на два разлика. Црвено-црните повторно беа во атак одиграа одлично во нападот  и цврсто во одбраната таквата игра донесе пет позитива во финишот,20-15.  На крајот успеавме да победиме со нова најголема предност односно последниот резултат  плус шест  беше наше највисоко водство на дуелот. Во следното 8.коло тимот на  Вардар јуниор гостува  во  Радовиш, кај истоимениот машки ракометен колектив од тој град. Вардар јуниор: Ивановски, Филиповски, Спасовски, Георгиевски 1, Чурлевски 2, Ангелов 4, Јовчевски, Андовски 3, Симиќ, Ристов 1, Манасков 3, Поповски 1, Вујачиќ 8, Давитковски.