Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Започна преодниот рок во МКЛ, Вардар цели на задржување на ростерот во целост
КУГЛАЊЕ! Започна преодниот рок во МКЛ, Вардар цели на задржување на ростерот во целост

КУГЛАЊЕ! Започна преодниот рок во МКЛ, Вардар цели на задржување на ростерот во целост

Како што во текот на вчерашниот ден известија од Кугларска федерација на Македонија летниот преоден рок во Македонската кугларска лига е започнат. Преодниот рок  за сезоната 2016/17 започна вчера 20.05.16 година, а завршува на 20.06.16 година . Од федерацијата велат дека очекуваат интересен трансфер период.
Велат тимот што победува не се менува, па  така воден од оваа позната изрека нашиот Кугларски клуб Вардар во преодниот рок нема да менува значајно  ништо во кадровскиот дел од својата  екипата (или ќе дојде до минимални измени доколку се случи нешто непредвидено). Вардарци го имаат ова искуство од ланскиот преоден рок кога ја задржаа во целост екипата од првата сезона од како овој црвено-црн кугларски колектив фунционира во ваков формат и гордо го носи името свето “Вардар“ низ кугланите во змејава. Вардар цели на задржување на ростерот во целост или на минимални промени во истиот во овој преоден рок. Лани и оваа сезона составот на вардарци беше исти во продолжение ви го донесуваме персоналниот состав на македонскиот вице-првак во МКЛ и Купот на Македонија во овој спорт.
-Димитар Димитровски – повекекратен шампион на Македонија, број 1 играч во државата, репрезентативец

-Бојан Влаќевски- репрезентативец, рекордер и заедно со Димитар најдобар тандем во лигата

-Миле Димковски – еден од најискусните во лигата

-Дарко Димовски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.

-Влатко Стојановски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.

-Коста Ристевски – екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол

-Марјан Згонц – некогашен репрезентативец

-Дарко Димитровски – репрезентативец и екс член на многукратниот шампион на Македонија, Макпетрол.

-Дане Јакимовски – екс член на КК Работнички и еден од најдобрите во лигата

-Младен Донковски – млад и надежен потенцијален репрезентативец и еден од најдобрите во лигата.