Ова зимо на црвено-црните им се придружи Драган Ќеран, тој има 28 години и дојде како засилување за нападот на вардарци. Ќеран пред да потпише за ФК Вардар настапувал за Хајер, а минатата сезона Ќеран имал импресивни бројќи зад себе во шампионатот на Азербејџан за тимот на Симург, каде бил прв стрелец со 15 погодоци. Овој играч има договор со нашиот шампион во должина од 1,5 години. Тој во дебитанската (полу)сезона во македонскиот фудбал успеа со Вардар да дојде до титула. Драган во изјава за нашиот вардаров сајт ни појаснува колку за него значи оваа титула и како он се снајде во новата средина.
Мило ми е што сум дел од екипата на Вардар која ја освои десеттата јубилејна титула. Се надевам дека ќе освоиме уште неколку, сепак ова ми е прва титула со Вардар затоа секогаш ќе ми биде најдрага. Беше јасно дека ние бевме прв фаворит за титулата и тоа успеавме да го докажеме на зелениот терен. Јас успеав брзо да се вклопам во тимот, играчите одлично ме примија со што ми го олеснија прилагодувањето за кое не ми беше потребно многу време.
Ќеран погодуваше неколку клучни мечеви носејќи значајни бодови за избраниците на Гоце Седлоски во исцрпувачката битка со тетовска ФК Шкендија. За него како и за останатите момци сега следи одмор пред подготовките за новите предизвици во Лигата на шампионите, тој ги споделува неговите очекувања од “европската црвено-црна авантура“ која ќе почне по одработување на подготовките.
Сега не очекува заслужен одмор, а потоа тргнуваме со подготовки за нешто што сите го очекуваме тоа се квалификациите за Лигата на Шампионите. Очекувам да оставиме добар впечаток , да победуваме и да пројдеме во следната рунда. Сакам да докажеме дека Вардар е сериозен европски клуб.- изјави за Вардар фанс Драган Ќеран.
Михајло Тушевски