Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар подобри од Јуниор во “сестринската“ пресметка
ЖРК Вардар подобри од Јуниор во “сестринската“ пресметка

ЖРК Вардар подобри од Јуниор во “сестринската“ пресметка

Во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански се одигра натпревар од плејофот на женската супер лига, помеѓу “сестринските“ екипи на Вардар. Секако подобри беа поискусните и квалитетни ракометарки на ЖРК Вардар, кои ја забележаа петтата победа во најсилната супер лига. Конечниот резултат гласеше 43:20.

ЖРК Вардар започна сигурно со водство од 3:0, а во првата половина на првиот дел имаа и двоцифрена предност од 13:3. До крајот на првиот дел само се зголемуваше на предноста, за на полувреме да се замине со водство од 22:7.

Во вториот дел, избраничките на Симе Симовски постигнаа повеќе голови, но тоа не доведе до намалување на негативата. На овој меч. Вардар настапи без ниеден класичен пикер, а одговорноста на оваа позиција ја понесе крилото Радичевиќ. Црнагорската репрезентативка повеќе од добро се снајде на оваа позиција, постигнувајќи вкупно 17 голови, со што беше најефикасна на овој натпревар, Грбиќ беше втор стрелец во победничкиот тим со 6 погодоци. Во редовите на Вардар Јуниор, Теодора Керамичиева беше најефикасна со 5 постигнати голови. Вардар е прв на табелата со 15 овоени бодови, додека Вардар Јуниор и Металург имаат по 12 бода.

Вардар: Петковска, Лејно, Суслина, Радичевиќ 17, Кликовац 5, Дамњановиќ, Лазовиќ 5, Дембеле, Сокач, Пенезиќ 3, Черноиваненко 4, Ихнева 2, Хмирова 1, Грбиќ 6.

Вардар јуниор: Белмезова, Ладева, Прленда, Петровска 1, Стојановска 3, Ѓеоргиевска 2, Николовска, Митова, Бојаџиска 2, Нолевска 3, Трајчевска, Џини, Керамичиева 5, Мишевска 2, Гичевска 2.