Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинците ќе бидат “крунисани“ во недела, пионерските екипи со шанси да бидат шампиони
Младинците ќе бидат “крунисани“ во недела, пионерските екипи со шанси да бидат шампиони

Младинците ќе бидат “крунисани“ во недела, пионерските екипи со шанси да бидат шампиони

Изминатиов викенд ќе се одигра последното 22 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на сите Вардарови генерации ќе биде екипата на Милано. Пионерските екипи ќе гостуваат, додека кадетите и младинците ќе бидат домаќини на теренот во Марино.

-Помладите пионери мораат да победат, доколку сакаат да се надеваат на првото место. Пред одигрување на последното коло, екипата на Работнички е лидер со само еден бод повеќе од Вардар. Домашниот тим е претпоследен на табелата, па од тука фаворитската улога се препушта на црвено-црните, кои мора да ги совојат трите бода. Интересно ќе биде и во Тетово, каде Ренова е домаќин на екипата на Работнички. Ренова ќе игра за себе и престиж и ќе се обиде да направи изненадување на овој меч, со што би ни направил на нам услуга. Мечот во Куманово, помеѓу пом. пионери на Милано и Вардар ќе започне од 15 часот.

-Пионерите пак сами си ја решаваат судбината, без да зависат од останатите резултати. Тука пак ситуацијата е обратна. Избраниците на Сашо Тодоровски во последното коло влегуваат како лидери на табелата, со еден бод повеќе од второпласираниот тим на Шкупи. Затоа е неопходен триумф за црвено-црните на гостувањето во Куманово, меч кој ќе се одигра од 17 часот. Интересно ќе биде и на теренот во Чаир, каде Шкупи е домаќин на Шкендија, која се наоѓа на третото место на табелата.

-Натпреварите од последното коло немаат никакво резултатско значење за кадетите и младинците на ФК Вардар, кои ќе започнат од 10 и 12 часот. Кадетите уште пред две кола ги загубија шансите за титулата, додека младинците веќе и теоретски ја обезбедија шампионската титула, со четири бода предност пред екипата на Академија Пандев. Овие екипи ќе се обидат да ги залечат раните од поразите во големото финале на купот против тимот од Струмица. Како и да е центарот на вниманието во последното коло ќе биде насочено во Куманово.