Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се освојувачи на двојната круна за оваа натпреварувачка сезона во првенството и купот на младинските категории. Избраниците на Сашо Тодоровски сигнаа до титулата во лигата со вкупно освоени 53 бода, со 17 победи, 2 нерешени резултати и 3 порази. Во пролетниот дел нашите надежи имаа само еден пораз и тоа во првото коло, против екипата на Работнички. Иако имавме водство од 1:2, во последните 15 минути од мечот дојде до несфатлив пад во играта на нашите момци, кои на крајот го загубија натпреварот.
После тој меч, кој беше лош ден за пионерите, започна серијата од девет победи и само еден нерешен резултат. Имавме исклучително тежок распоред во овој дел од сезоната, но по “мака“ се познаваат јунаците. Беа “пребродени“ тешките гостувања во Тетово, Струмица, Битола и на Железарница. “Битиќи“ постигна златен гол против Шкендија. Истиов играч заедно со Марко Ѓорѓиевски донесоа три бода и на гостувањата против Пелистер и Металург, додека во Струмица со убедливи 0:3 ја победивме Академија Пандев. На домашен терен бевме сигурни и не дозволувавме некој да ни “откине“ бодови на теренот во Марино. Можевме и со поголема бодовна предност да влеземе во последните три кола, но дербито против екипата на Шкупи заврши без голови 0:0. Сепак на последните три меча бевме сигурни и го издржавме притисокот. Беа совладани екипите на Металург, Ренова и оној последниот во Куманово против тимот на Милано.
Сите постигнати резултати во првенството за пролетниот дел од сезоната:
12 коло: Работнички – Вардар 3:2
13 коло: Вардар – Победа 4:0
14 коло: Пелистер – Вардар 1:2
15 коло: Вардар – Еуромилк 10:0
16 коло: Шкендија – Вардар 0:1
17 коло: Вардар – Шкупи 0:0
18 коло: А. Пандев - Вардар 0:3
19 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 6:0
20 коло: Металург - Вардар 0:2
21 коло: Вардар – Ренова 7:1
22 коло: Милано – Вардар 2:6
За да биде сезоната уште поуспешна, нашите пионери го освоија и трофејот од купот, победувајќи во финалето против Милано.
1/2 Вардар – Металург 0:0
1/2 Металург – Вардар 0:4
ФИНАЛЕ: Вардар – Милано 3:1
Оваа Вардарова генерација беше дел и од силен меѓународен турнир на “пријателство“ во Бјелина, на кој учество земаа силни екипи од Балканот. На три натпревари забележавме еден нерешен резултат и два порази.
Вардар – Партизан 1:3
Вардар – Осијек 2:2
Вардар – Сараево 0:2
Контролни натпревари во пролетниот дел од сезоната:
Вардар (пионери) – Вардар ( кадети) 5:5
Македонија Ѓ.П. – Вардар 1:5
Беласица – Вардар 0:8
Вардар ( пионери) – Вардар ( втор тим на кадети) 4:1
Брегалница – Вардар 1:0
Шкендија – Вардар 1:3
Вардар ( пионери) – Вардар ( пом.пионери) 6:1
Вардар ( пионери) – Вардар ( кадети) 0:4