Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Промена на местото на одигрување, ЖРК Вардар денес е домаќин на екипата на Пелистер
Промена на местото на одигрување, ЖРК Вардар денес е домаќин на екипата на Пелистер

Промена на местото на одигрување, ЖРК Вардар денес е домаќин на екипата на Пелистер

Натпреварот од шесттото коло на плејофот во женската супер лига, помеѓу екипите на ЖРК Вардар и Пелистер ќе се одигра во Скопје, а не како што првично беше објавено во Битола. Денес со почеток од 16 часот во малата сала на спортскиот центар Јане Сандански, Вардарки ќе бидат “условно“ домаќини на Пелистер. Црвено-црните се големи фаворити во овој дуел и не би требало да имаат никакви проблеми, за продолжување на победничката серија во лигата. Противникот од пет одиграни натпревари има исто толку порази и сеуште е без бодови. Нема многу одмор за Вардарки, кои веќе утре играат нов натпревар и тоа со екипата на Металург. Овој меч ќе започне од 12:30 часот, а ќе се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда.

ЖРК Вардар е прв на табелата со 15 освоени бодови. Исто толку има и екипата на Металург, но и натпревар повеќе од Вардар Јуниор које  трет со 12 бодови.