Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Осум Вардарки дел од сениорската ракометна репрезентација за натпреварите против Ц. Гора и Хрватска
Осум Вардарки дел од сениорската ракометна репрезентација за натпреварите против Ц. Гора и Хрватска

Осум Вардарки дел од сениорската ракометна репрезентација за натпреварите против Ц. Гора и Хрватска

Женската сениорска ракометна репрезентација ја очекуваат последните два квалификациски натпревари за ЕП во 2016 година. На 2-ри јуни во Скопје ќе ни гостува селекцијата на Црна Гора, додека три дена подоцна ( 5-ти јуни) ќе гостуваме во Ријека на репрезентацијата на Хратска. Веќе одамна ги загубивме шансите за висок пласман во оваа квалификациона група. “Подмладената“ сениорска репрезентација сеуште е без победа, но дава надеж за подобри резултати во следните вакви циклуси.

Селекторот и тренер на Вардар Јуниор, Симе Симовски за овие натпревари повика осум играчи од ракометниот клуб на Вардар. Драгана Петковска, Нина Ладева, Сара Митова, Наташа Нолевска, Сара Ристовска, Теодора Керамичиева, Симона Стојановска и Стефанија Мишевска ќе бидат дел од репрезентацијата за споменатите натпревари.

Првиот собир е закажан за 28-ми мај (сабота) во спортско рекреативниот центар Кале, со почеток од 09:30 часот.