Утре на терените на фудбалската федерација на Македонија ќе бидат одиграни финалните натпревари и оние за трето место во детската лига. Вкупно четири Вардарови генерации ќе се борат за првото место, додека една екипа ќе игра за третото место. Пласман во големото финале обезбедија генерациите родени “2002“, “2004, “2005“ и “2007“ година, додека за бронзениот медал ќе се бори Вардар (1) од генер. “2004“. Младите надежи родени “2003“ и “2006“ ги завршија своите насапи во четвртфиналните мечеви. Утре е последен ден во детската лига за оваа натпреварувачка сезона.
Ви го презентираме распоредот на одигрување на завршните финални натпревари за Вардаровите екипи:
Генерација “2002“
Финале: Вардар – Академија Пандев 11:30
Генерација “2004“
Трето место: Вардар (1) – Дарданет 11:00
Финале: Вардар (2) – Брегалница 12:00
Генерација “2005“
Финале: Вардар – Форца
Генерација “2007“
Финале: Вардар – Нова Колонија 12:00
Во 13 часот е предвидено прогласување на победниците и доделување на наградите за победниците.