Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рускиот бомбардер Деревен се врати на теренот со 14 погодоци
Рускиот бомбардер Деревен се врати на теренот со 14 погодоци

Рускиот бомбардер Деревен се врати на теренот со 14 погодоци

После речиси седум месеци, Рускиот репрезентативец и член на РК Вардар, Александер Деревен се врати на терените на натпреварот од супер лигата против екипата на Макс Струмица. Деревен се здоби со непријатна повреда на коленото, на натпреварот од лигата на шампионите против екипата на Рајн Некар, кој се играше во спортскиот центар Јане Сандански. Овој меч се одигра на 10-ти октомври, на кој црвено-црните забележаа победа. Од овој натпревар, Деревен беше надвор од ракометните терени. Иако првично тогаш се доби информација дека го очекува кратка пауза од еден месец, сепак дополнителните снимки покажаа дека се работи за посериозно.

Сепак помина и тоа, а Деревен имаше можност по подолго време повторно да ја почустувува ракометната игра. Вардар во рамките на претпоследното коло славеше убедлви триумф (47:30), а Александер беше прв стрелец со дури 14 постигнати голови, со што најави успешно враќање на терените. Ова се добри вести за нашиот ракометен шампион и тренерот Гонзалаес, кој ќе го има Деревен максимално подготвен за следната сезона, откако по заминувањето на Горбок, тој би требало да биде прва опција во нападот на својот тим.