Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци на одмор до 8 јуни
Вардарци на одмор до 8 јуни

Вардарци на одмор до 8 јуни

Старо – новиот шампион на Македонија, црвеноцрниот фудбалски тим на Вардар по освоената титула во првата македонска фудбалска лига заслужено замина на 20-дневен одмор. Отакако минатиот четврток заврши и официјално првата македонска фудбалска лига за сезоната 2015/16, Вардарци заминаа на одмор. Овој слободен период сите странци во тимот го искористија вообичаено да се вратат во своите родни земји, додека пак нашите фудбалери ”ги полнат батериите” за големите искушенија кој престојат, а тоа се квалификациите од Лигата на шампионите.

Според планот на Вардар, нашите фудбалери добија летен одмор се до 8 јуни. На 8 јуни е предвиден собир на играчите и стручниот штаб во новата база во Хиподром. Очекуваме уште на првата прозивка да видиме нови лица во дресот на Вардар. Некаде околу 14-15 јуни, нашите играчи треба да заминат на летни подготовки во Словенија и Австрија, каде и оваа сезона ќе ја темпираат формата за ЛШ.