Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Македонија У-21: Украина на колена! Одлична партија на Николов и Велковски!

Македонија У-21: Украина на колена! Одлична партија на Николов и Велковски!

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година повторно ја израдува цела спортска Македонија. Денеска младите момци предводени од некогашниот тренер на ФК Вардар, Боби Милевски славеа победа над домашната репрезентација на Украина со резултат 2-0. Головите за Македонија ги постигнаа Радески и Демири. На овој список на играчи се најдоа и тројца наши играчи, стануваше збор за: Бобан Николов (Капитен на Македонија) Дарко Велковски и Петар Петковски. Николов ги одигра сите 90 минути, Велковски одигра 71 минута. И двајцата одиграа по којзнае кој пат во овие квалификации одличен натпревар, додека пак нашиот брзоног играч Петковски не доби шанса на овој дуел од селекторот Милевски.

Нашите момци поведоа уште од првиот шут кон голот на Украина. Стрелец на голот беше Радески по асистенција на Давид Бабунски во 17 минута од мечот. Со овој резултат и се замина на полувреме. Во вториот дел нашите храбри момчиња не застанаа во одбрана на својот гол, туку нападнаа кон уште еден погодок и чекор поблиску до нова победа против Украина. Во 56 минута ново влезениот Пивковски го проигра Демири кој ја смести топката во мрежата на домакинот за голема радост и 2:0 за нашиот тим. Со овој резултат и заврши натпреварот. Нови бодови за нашиот тим! Сега имаме вкупно 12 и се наоѓаме на делба на втората позиција со селекцијата на Исланд, прва е Франција со 14 бодови. Следен противник за нашите момци е селекцијата на Шкотска, овој натпревар ќе се одира во септември.

ГОЛЕМО БРАВО ЗА МИЛЕВСКИ И ИГРАЧИТЕ! 

Фото: Фудбалска Репрезентација на Македонија –  Фејсбук страна