Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нова победа за генерација “2006“ на контролен натпревар

Нова победа за генерација “2006“ на контролен натпревар

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2006“ година одигра нов контролен натпревар. После убедливиот триумф против Фамос (17:1), избраниците на Игор Кралевски забележаа нова победа, овој пат против екипата на Драчево. Конечниот резултат на овој дуел, кој се одигра на Академијата гласеше 9:1. Се играа две полувремиња по 20 минути.

Посебно ефикасен на овој натпревар беше Стефан Колоски кој постигна четири гола. Давид Голубов и Матеј Гаштаров погодија по два пати, додека еден гол даде и Максим Цониќ.

Продолжуваат воигрувањата на оваа генерација со формација 6+1, како подготовка за следната натпреварувачка сезона. Нема многу одмор за нашите млади надежи кои во недела патуваат за Прилеп, каде ќе се одигра седмиот пролетен турнир од “Јуниор“ лигата. Таму ќе одиграат два натпревари против екипите на Спорт Ефе (Скопје) и Еврофудбал (Охрид).