Двата првопласирани тима на табелата во разигрувањето за спас од испаѓање одиграа меч во кој и двете екипи имаа свои периоди и заслужија со победа да го завршат овој лигашки дуел. Ние тргнавме поофанзивно и поконкретно на почетокот на натпреварот, се одлепивме на “четири плус“ или 5-1 колку што пишуваше семафорот по пет минутиод овој дуел. Во продолжението успеваме ушта да го зголемиме водството идеме на 7-2. Тука гостите од битола правам голем пресврт и со серија 4-9 успеваат да изедначат на 11-11. Дури во продолжение тие успаеваат дури и да поведе со 13-12. На полувремето се замина со реми на семафорот, резулатот по 30 минути игра беше 15-15. Во второто полувреме доминираа како и на краот од првиот дел битолчани,. Нивоното постојано водство стана највисоко кога направија серија 0-3 за водството од 22-18 негде по крајот на првата третина од второто полувреме. Младите момци на Вардар јуниор кои се предводени од Пепи Манасков во продолжение не се откажа и се бореа за враќање водуелот. Тие успеа да изедначи на 26:26 негде пред почетокот на последните 10 минути од мечот. Повторно нов “студен туш“ за Јуниор, РК Пелистер повторно поведува во продолжение овојпат со 29-27 резулат кој му гарантираше 3 бода, сепак Вардар јуниор направи подвиг во финишот и се избори за реми 29:29. За црвено-црните за доигрување престои последното коло од плејаут-сезоната. Во последното коло се влегува со ваков изглед на плеј-аут табелата. Пелистер има 40 бода, а Вардар јуниор 36, со гостувањето кај Борец како последна обврска во сезоната. Вардар јуниор: Чаневски, Ивановски, Филиповски, Костовски, Спасовски, Георгиевски, Тренчевски, Чурлевски, Ангелов, Андовски 2, Ристов 3, Манасков 1, Поповски 2, Вујачиќ 8, Давитковски.