Изминатиов викенд се одиграа завршните натпревари од ракометната “Јуниор“ лига, по што се познати екипите кои го освоија првото место во своите генерации. Во машкиот дел, во највозрасната генерација родени 1998/99 година, тимот на Академија 2 беше поуспешен од РК Шампион- Вардар, освојувајќи го на тој начин првото место.
Во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански имавме можност да гледаме едно вистинско финале, меч кој донесе многу возбудувања, но и квалитетен ракомет од страна на двете екипи. Се играше две полувремиња по 30 минути. Првите минути започнаа израмнето со гол за гол на двете страни, се до моментот кога при резултат 3:3, РК Шампион постигнува пет голови во серија за највисоки 3:8. Во овој период од мечот, избраниците на Слободан Чивлачки беа многу подобра екипа на теренот, што резултира и со највисоки 6:12. Сепак екипата на Шампион како да неможеше да го издржи ова силно темпо кое го наметна, па како се ближеше првиот дел нивната предност се повеќе се “топеше“. Дефинитивно Академија 2 по свкиканиот тајмаут заигрува ногу подобро, што и овозоможува да направат серија од 4:0 и да намалат на два гола негатива 10:12. Со оваа игра, Академија 2 како да го најави големиот резултатски пресврт. До крајот на првиот дел се играше гол за гол и резултат од 12:14 по првите 30 минути.
Второто полувреме им припадна на Академија 2, кои со нова серија од четири последователни погодоци прават целосен резулатски пресврт и после она почетно водство, ова им беше втора предност од 17:15. Неколкуте грешки во нападот, им овозоможуваа брзи контри на Академија 2, кои преку Виктор Крстевски го полнеа голот на РК Шампион, за највисоки 20:16. Ова беше пресуден дел од мечот, иако тимот на Шампион не се откажа и повторно носи резултатска незивесност, намалувајќи на 22:21. Полседните пет минути им припаднаа на Академија 2, кои при резултат од 24:22 ги постигнуваат последните три гола на овој натпревар. Конечниот резултат гласеше 27:22.
Најфикасни во победничкиот тим убедливо беа Христијан Милошевски и Виктор Крстевски, кои постигнаа најголем дел од головите за Академија 2, која во ова финале од клупата беше предводена од Таневски, Јанев и Николоски.