Изминатиот викенд се одигра завршниот турнир во ракометната Јуниор лига, по што беа познати победниците во сите возрасни генерации, како и освојувачите на третото место.
Во борба за третото место во машкиот дел, кај генерација родени 2000/01 се сретнаа екипите на РК Бисинов и Илинден. Поуспешен беше тимот на РК Бисинов, кој стартуваше фуриозно со предност од 4:0. Екипата на Илинден ги постигна следните два гола на мечот, кои беа први за нив за намалување на 4:2. Од тој момент се случи една голема серија на Бисинов од 6:0, кој поведува со убедливи 10:2. Избраниците на Дарко Јанев не помислуваа да се предадат и одговорија со четири погодоци по ред, за намалување на 10:6. Бисинов само за кратко ја прекина нивната серија, бидејки Илинден успева со нова серија од 4:0, да стигне до само еден гол неагатива 11:10. Последниот гол во првото полувреме беше за РК Бисинов, кој на одмор замина со водство од 12:10.
Вториот дел помина во доминација на РК Бисинов кој ја контролираше играта на теренот. Повторно успеваат да стигнат до слидна предност од 19:14, која постепено како одминуваше мечот ја зголемуваа. Прашањето околу победникот, беше решено кога на пет минути до крајот Бисинов поведе со 24:15. До крајот на мечот, Илинден само ја намли негативата, за конечен резултат од 25:18 на натпреварот за третото место. Најдобри поединци во победничкиот тим беа Аврамски кој постигна 8 гола. Манев беше втор стрелец со 7 погодоци, додека Јанков постигна 6 голови.