Низ целата своја богата историја Вардар имаше добри чувари на мрежата: Тоде Георгиевски, Благое Видиниќ, Љубомир Цветковски, Коки Милошевски, Митко Атанасовски и други. Драган Мутибариќ, меѓутоа, го завзема челното место. Наполно заслужено. Остави трага со своите успешни одбрани, атрактивните интервенции, и придонесот што го даде за победите на својот тим.
Преку родниот Сомбор, второлигашот Срем од Сремска Митровица дојде во Скопје каде што силно се афирмираше не само како најуспешен голман во историјата на Вардар, туку и како квалитет од репрезентативната големина. Затоа, како неприкосновен чувар на Вардаровиот гол, постепено ги минуташе сите гарнитури на југословенските репрезентации. Дебитираше во 1964 во југословенската младинска репрезентација, неколкупати ги бранеше боите на Б-селекцијата, за во 1969 година да го облече и дресот со број еден на најдобриот југословенски тим, со кој потоа настапуваше и против Шведска, Финска и Советскиот Сојуз.
Книга: Четири децении ФК Вардар