Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар против МТК во Австрија
Вардар против МТК во Австрија

Вардар против МТК во Австрија

Вардарци ”моторите” официјално ќе ги ”запалат” на 8 јуни. Првата прозивка на тренерот Седлоски по паузата по освоената титула ќе биде идната среда во базата во Хиподром. Во Хиподром ќе се тренира се до 12 јуни, на 13 јуни нашите играчи со целиот стручен штаб ќе пристигнат во базата во ултра модерниот австриски комплекс „Авита“ во Бад Тацмансдорф.

mtkВардарци во базата во „Авита“ вообичаено како и секоја година ќе одиграат и неколку пријателски дуели. Првиот противник на Вардар е веќе познат. Станува збор за МТК од унгарската прва лига. Тимот на МТК оваа сезона заврши на 4 место во унгарската прва лига. Сеуште не е познат точниот термин на одиграување на овој дуел. Во тимот на МТК оваа сезона имаше вкупно 6 интернационалци, другите играчи беа од Унгарија.

Очекуваме ова да биде одличен тест меч за нашиот тим, бидејќи МТК  изминатата сезона не изостануваше многу зад топ 2 и 3 екипа во Унгарија, а тоа беа: Дебрецен и Видеотон, додека пак далеку напред беше шампионот на Унгарија Ференцварош.