За неполни 30 минути започнува натпреварот на Македонија до 18 години против врсниците од селекцијата на Азербејџан во Скопје. Ова ќе биде прв, од вкупно двата пријателски дуели кој ќе ги одиграат овие две селекции во Скопје, вториот натпревар е на 3 јуни, исто така со почеток во 10-30ч.
Како што е добро познато на оваа прозивка се најдоа и тројца играчи на Вардар, кој настапуваат за младинскиот тим, кој оваа сезона беше шампион на Македонија. Со сигурност Трајчевски и Личина ќе го започнат дуелот, а очекуваме и Даци да одигра значајна улога во нападот, и да биде задолжен за погодоците.