Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (РЕТРО ВИДЕА) На денешен ден во 2013 годинa Скопје лудуваше! ФК Вардар шампион, РК Вардар и Вујо го урнаа Металург
(РЕТРО ВИДЕА) На денешен ден во 2013 годинa Скопје лудуваше! ФК Вардар шампион, РК Вардар и Вујо го урнаа Металург

(РЕТРО ВИДЕА) На денешен ден во 2013 годинa Скопје лудуваше! ФК Вардар шампион, РК Вардар и Вујо го урнаа Металург

Денеска се наполнуваат цели три години од историскиот 02/06/2013 за нас црвено- црните љубители на брендот број еден Вардар. Судбината сакаше тоа да не биде обичен ден последно коло во фудбалскиот шампионат директен дуел за титула Вардар- Хоризонт, по него во Кале Вардар-Металург директен дуел за ракометната титула .

“Река“ на црвено- црни навивачи бевме распослани во градскиот парк и околните локали чекавме да почне фудбалскиот меч, ни гостуваше Хоризонт Турново нашата титула висеше мораше да се победи во овој меч одамна последно коло не одлучувало само 90 минути . Почнува мечот запад грми фудбалерите понесени од нашата песна се вади кореографија има пиро -лудило. Рано и сигурно поведуват на полувреме е веќе е 2-0 Маневски и Костовски ја решаваат дилемата. Во второ полувреме Стојков и Петров ја пукаат петардата 5-0 за Вардар. Следи славје влегуваме на терен славиме сите заедно , една екипа наша ја собира мрежата за спомен од голот пред запад лудило се осеќа. Мислите полека ни се селат кон Кале каде за кратко имаме уште еден многу потежок меч.

Трга големата црвено-црна река кон Кале малото време помеѓу двете средби го користиме кај легендарниот Жабар по некое пиво следи пеколот. Во салата кој не бил не може да се долови тоа со зборови температурата висока , воздух малце во истата кај Комити еден врз друг бројката енормно голема . Мечот во кој “скормниот“ Вардар и медиски величаниот вештачки Металург стартува . Комити како никогаш грмат атмосфера која само и само се доживува не се опишува на тастатура. Вардар игра сигурно Вујо го води тимот кон ЧУДО . Во последните моменти веќе се назира нашата победа ечи салата -Лига Шампиони ооооо…. Полицијата се стационира пред нас но по последниот свиреж нема сила на земјината топка која можеше да не задржи сите на терен . Тогаш се виде колку беше полна трибината, половина бевме доле го преплавиме теренот , а останатите горе трибината беше повторно целосно наполнета очигледно бевме 2-3 пати повеќе луѓе од капацитетот на трибината . Се беше неважно Вујо леташе во воздух тоа беше почетокот на крајот на “Вештачките“ и почеток на златниот пат на Вардар во Европа.

Овој емотивен ден можеби и никогаш нема да се повтори толку очекување, навивање , радост и емоции за само 4-5 часа . Вечно во нашите сеќавања ќе остане тој 02/06/2013.