Откако на чело на ракометните црвено-црни клубови дојде рускиот сопственик, господинот Сергеј Самсоненко многу работи тргнаа во позитивна насока. Покрај тоа што добивме спортски центар “Јане Сандански“ каде сите потреби се задоволени на првотимците станавме единствен клуб кој има сала на располагање само на младите категории, а тоа е С.р.ц “Кале“. Сепак тоа ни одалеку не беше се клубот реши да создаде регионални школи ширум земјава, а подоцна и своја лига.
Најпрвин Вардар се реши за масовен проект за стипендирање ракометни школи низ цела Македонија. Одкако се поставија основите и почнаа да се регрутираат младите ракометни надежи низ целата република во вардаровите школи се појави потреба од нивно “соочување“ со натпревари во лига систем. Тука клубот се реши на одличен проект ракометната “Вардар Јуниор лига“. Истата оваа сезона за првпат беше активна во неа стотици деца од регионалните школи се сретнуваат и натпреваруваат со својте врсници, усовршувајќи ги своите ракометни вештини, учејќи нови работи за ракометната игра. Лигата минатиот викенд со финалните и мечевите од дуелите за трето место успешно се приврши, слободно може со цел кредибилитет како сајт кој постојано неуморно беше на овие мечеви на младите надежи на црвено-црните да кажеме дека истата заврши УСПЕШНО. Тања Медвед беше на чело на овој проект, таа се даде целосно во реализирањето на истиот, голема помош имаше и од Марија Папуџиева и дузина други одговорни вардарови ракометни стручњаци. Вардар фанс постојано беше на мечевите ви пренесуваше резулати, извештаи, статистики, табели, фотогалерии, изјави од тренерите, но и од дечињата се со цел целосна промоција на овој грандиозен проект на црвено-црното ракометно семејство. Мечевите се играа во три сали големата и малата сала при спортскиот центар “Јане Сандански“ и во спортско рекреативниот центар “Кале“. Може да се каже дека ова е само еден показател дека во нашите клубови се работи по европски терк, според нашите сознанија планирано е следната сезона одредени кола да се играат надвор од нашиот главен град Скопје , а домаќини да бидат дел од регионалните школи низ републикава кои се под “капа“ на Вардар.