Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Историја! 1985 Вардар по втор пат во Европа ја преставуваше С.Ф.Р.Ј
Историја! 1985 Вардар по втор пат во Европа ја преставуваше С.Ф.Р.Ј

Историја! 1985 Вардар по втор пат во Европа ја преставуваше С.Ф.Р.Ј

Црвено-црните 1961 по освojување на трофејот во купот на Маршалот ја преставуваа тогашна СФР Југославија во фудбалска Eвропа,  а втората шанса ја добиа по дури  24 години. Вардар се враќа на меѓународната сцена, освојувајќи го петото место во првенството на СФРЈ. Вардар во сезоната 1984/84 заврши со 37 бодови, еден зад Ц. Звезда, а два зад Партизан, остварувајќи скор од 16 победи, пет ремина и 12 порази со гол-разлика 67-58. Најдобриот стрелец на Југославија, една сезона претходно, Дарко Панчев, повторно беше предводник на Вардар, постигна 20 голови во оваа сезона за враќање на меѓународната сцена и заврши како втор најдобар голгетер во првенството.

Во Купот на УЕФА прв противник на Вардар беше Динамо Букурешт од Романија, а по поразот на гостувањето со 2-1, црвено-црните го забележаа и првиот поголем успех, со триумфот со 1-0 во Скопје на 2 октомври 1985, со гол на Грдан Здравков, црвено-црните ја минаа првата пречка. Следеше потоа дуел со Данди јунајтед и пораз на гости со 0-2 и реми дома 1-1 за елиминација од понатамошните настапи.