Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викторија Сандева: Мислам дека го најдов вистинското место во спортот, а тоа може да го потврди и наградата за најдобар голман
Викторија Сандева: Мислам дека го најдов вистинското место во спортот, а тоа може да го потврди и наградата за најдобар голман

Викторија Сандева: Мислам дека го најдов вистинското место во спортот, а тоа може да го потврди и наградата за најдобар голман

Јуниор лигата го доби својот финиш во својата дебитантската сезона, каде се натпреваруваа повеќе од 20 ракометни школи кои беа дел од академијата на ракометниот клуб Вардар. Имавме можност да гледаме натпревари во различни возрасни генерации, почнувајќи од најмладите родени 2006-2009 година, до највозрасните, генерација родени 1998 година. Се одиграа финалните натпревари по шо беа познати победниците во машкиот и женскиот дел, како и екипите кои го освоија третото место. Кај генерација родени 2000/01 година третото место им припадна на РК Кузман кои беа подобри во дуелот со екипата на Академија 2. Во наредниов текст ќе имате можност да прочитате дел од впечатоците за Јуниор лигата од голманот на РК Кузман, тоа е Викторија Сандева.

метам дека  јуниор лигата, беше одличен проект каде ние можевме да ги покажеме нашите таленти, умеења и вештини, љубовта кон ракометот и да стекнеме нови пријателства. Ние ја започнавме сезоната со победа така и ја завршивме. Успеавме да го совладаме противникот и да завршиме на третото место. Јас сум многу задоволна од успехот на мојата екипа и од својот индивидуален успех. Секоја од нас го даваше својот максимум на секоја утакмица, се боревме до крај и секако тоа има и свој резултат.

Викторија Сандева го доби признанието за најдобар голман кај генерација родени 2000/01 година.

-Мислам дека се покажав во добро издание, а тоа може да го потврди и наградата за најдобар голман. Морам да признаам дека бев изненадена не очекував, но многу сум среќна што токму јас ја добив. Се надевам и ќе се трудам во иднина да имам уште многу такви награди. Како што кажав и погоре задоволна сум од својата игра, мислам дека оставив добар впечаток и очекувам и се надевам дека ќе добијам повик од младинските категории на РК Вардар и многу би сакала да бидам дел од нив.

Викторија е многу кратко во ракометот, но сигурно дека не згрешила кога го избрала овој спорт.

-Јас не тренирам долго време ракомет односно само 9 месеци од кои 7 на позиција голман и мислам дека го најдов вистинското место во спортот, а љубовта кон ракометот ме поттикна мојата најдобра другарка Анамарија Божиноска која е исто така дел од јуниор-лигата, изјави Викторија Сандева за нашиот сајт.

Звонко Ивановски