Пионерските екипи на фудбалскиот клуб Вардар во текот на вчерашниот ден одиграа пријателски натпревари на новата академија во градски парк, против своите врсници од екипата на Шкеднија. Двете наши генерации забелажаа победи и полека финишираат со натпревари за оваа натпреварувачка сезона.
Пионерите ја потврдија својата доминација во домашните натпреварувања, откако ја освоија двојната круна, успеаа да забележат триумф и на контролниот натпревар против Шкендија. Резултатот на овој меч гласеше убедливо 3:0 во корист на Вардар. По првиот дел имавме минимална предност од 1:0. Јакуп Бериша постигна два гола, додека по еден беа дело на Анел Калчиноски и Мартин Филипоски.
Помладите пионери исто така со триумфираа на овој контролен меч. Тука паднаа повеќе погодоци, сепак на крај Вардар излезе акко победник. На полувреме резултатот беше нерешен 2:2. Во вториот дел падна еден гол и тоа во мрежата на Шкеднија за конечни 3:2. Марио Илиевски, Самир Хасиќ и Мишо Крстевски беа стрелци на погодоците.