Денес на терените на фудбалската Академија на црвено-црниот фудбалски колектив се игра осмиот пролетен турнир кој воедно е и последен за оваа сезона во вардаровата фудбалска Јуниор лига. На истиот дечињата родени 2003, 2004, 2005 и 2006 ги одиграа своите мечеви.
На финалниот ден присуствуваа и ги следеа новите вардарови надежи и легендите на ФК Вардар. Гости на завршниот турнир беа Антонио Филевски, Кочо Димитровски, Jовче Џипунов. Како и тренерите на повозрасните екипи во вардаровата школа Љубчо Марковски-Калц , Сашо Јанев , Влатко Колев, Сашо Тодоровски кординаторите Саше Милошевски и Павел Неделковски. Оваа лига е голем проект на фудбалскиот клуб кој преку дузина школи низ земјава се обидува да создаде идни првотомци за ФК Вардар.