Денес на терените на фудбалската Академија на ФК Вардар во Скопје се одигра осмиот завршен пролетен турнир во фудбалската Вардар Јуниор лига. Избраниците на Игор Кралевски младите фудбалски надежи родени 2006 година одиграа два дуела и двата ги добија.
Во првиот дуел со Ново Лисиче остваривме победа со резулат 4-1. Од почетокот на овој дуел доминиравме, поведуваме рано со гол на почетокот. За 1-0 за црвено-црните стрела Марко Николовски . Следаш серија шанси за нас Давид Голубов избива сам на сам со голманот и не погодува, веќе во следната шанса повторно Голубов не успеава од како од слободен удар погодува во гредата. Стрелецот на голот Николов е во изворендрна прилика сепак неговиот шут завршува крај стативата, нашите противници успеваат да казнат и изедначуваат на 1-1 со еден среќен погодок. Со резултат 1-1 се заминува на одмор. Вториот дел избраниците на Кралевски го почнаа офанзивно со цел да го добијат овој дуел, Голубов ја има првата прилика која не ја реализира. Погодуваме за 2-1 преку Матеј Гаштаров кој рутинирано го врати водството. Веќе во следната акција по асистенција на Цониќ погодува за 3-1 Давид Голубов по што беше веќе јасно дека ке ја однесеме победата на овој дуел. Во последната минута одличен силен удар испраќа Крстевски Дамјан топката закачува еден нивни играч менува правец и завршува во мрежата на Ново Лисиче за конечни 4-1.
Во вториот меч се сретнавме со кумановската вардарова школа екипата на ФК Куманово Еуроспорт-Вардар на овој меч издвојувавме победа 7-1. Прв нивната мрежа ја начна Дамјан Јанковски на почетокот од дуелот, големи шанси имаме за втор гол преку Никита Патаровски и Цониќ . Токму Цониќ ќе го постигне вториот гол доби топка од аут и со одличен волеј-удар погодува силно за 2-0. Шансите се редат пред голот на кумановчани следна прилика за нас има Михаел Танчев. Целосно доминираме на теренот кумановци се одредени на дефанзива денес. Со резулат 2-0 одиме на одмор, а веќе на почетокот на вториот дел одиме на 3-0 преку Давид Голубов. Кралевски дава шанса на целиот свој ростер во продолжение, измените се покажуваат како еднакво квалитетни како и тимот кој го почна мечот очигледно дека во оваа генерација располагаме со доволно квалитет. Доаѓаме и до водство до 4-0 преку Матеј Гаштаров, но не застануваме тука се редат шанси пред голот на кумановци Голубов и Николовски забележуваат шанси во продолжение. Кумановци успеваат да намалат на 4-1 и тоа е се што ќе успеаат во овој меч, веќе по 2 минути Коловски одлично погодува за 5-1. Треба да се напоменат и одличните партии на двата голмана на Вардар- Данстак и Мартин Ивановски. Докрајот се беше само рутина, и прашање беше како ќе заврши резулатски. За победат а од 7-1 до крај стрелаа уште еднаш Цониќ и Коловски.