Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Апостоловски и Даци најдобри стрелци за младинците на ФК Вардар
Апостоловски и Даци најдобри стрелци за младинците на ФК Вардар

Апостоловски и Даци најдобри стрелци за младинците на ФК Вардар

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до шампионската титула во првенството, откако ја надоместија негативата од два бода помалку од екипата на Шкендија, која беше лидер во есенскиот дел. Во пролетниот дел од сезоната црвено-црните имаа девет победи, еден нерешен резултат и оној пораз во последното коло, кој не влијаеше на конечниот исход на табелата, откако на коло до крајот ја заверивме титулата. Сезоната во лигата ја завршивме со 51 освоен бод, гол разлика од 48 постигнати и 20 примени погодоци.

Врвот на најдобри стрелци го држат двајца играчи со ист број на постигнати голови, во рамките на првенствените и куп мечеви. Кристијан Апостоловски и Ердон Даци ја завршија сезоната со по 13 голови во противничките мрежи. Во пролетниот дел посебно се истакна Апостоловски, кој беше број еден стрелец за Вардар во овој дел од сезоната. Неговите голови во дуелите со директните конкуренти за титулата, беа пресудни за освојување на шампионската титула. Четирите голови против Шкендија и оној единствениот против А. Пандев беа “злато“ вредни за Вардаровите младинци во бората за трофејот. Сите играчи дадоа свој придонес во овој голем успех, кој за малку фалеше да биде дополнет и со титула од купот.

Вака изгледа листата на ТОП-4 најдобри стрелци, кои ја предводат Апостоловски и Даци:

1. Кристијан Апостоловски 13  ( 11 првенство, 2-куп)

2. Ердон Даци    13    ( 11-првенство, 2-куп)

3. Виктор Димков   ( 6-првенство, 4-куп)

4. Јасир Беќири 10 ( 9-првенство, 1-куп)