Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лазовиќ и Пенезиќ ги однесоа своите репрезентации на Европското првенство во Шведска
Лазовиќ и Пенезиќ ги однесоа своите репрезентации на Европското првенство во Шведска

Лазовиќ и Пенезиќ ги однесоа своите репрезентации на Европското првенство во Шведска

Во текот на вчерашниот ден се одиграа квалификациски натпревари за пласман на Европското ракометно првенство во Шведска. Пласман на овој голем мундијал обезбедија селекциите на Црна Гора, Словенија и Хрватска кои се натпреваруваа во група заедно со Македонската репрезентација.

Иако загубија на натпреварот со Црна Гора, Словенките како најдобро третопласирана селекција ќе патуваат на ЕП во Шведска. Избраничките на Драган Аџиќ тесно го добија овој натпревар, иако во последните десет минути се влезе со нерешен резултат од 20:20. Сепак во последните десет минути Црна Гора ја покажа својата сила и славеше со резултат 24:22. Јованка Радичевиќ беше повторно меѓу најдобрите во својот состав и втор најефикасен играч со 5 постигнати голови. Настапија уште и Андреа Кликовац и Итана Грбиќ, кои не успеаа да се запишат во листата на стрелци. Кај поразената селекција убедливо најефикасна беше Барбара Лазовиќ со 8 постигнати голови. Лазовиќ дефинитивно се наоѓа во добра форма и е најзаслужна за пласманот на својата репрезентација по подолго време на еден голем мундија.

Во оваа група како второпласирана се најде и репрезентацијата на Хрватска, која на домашен терен високо ја порази Македонија, со резултат 35:19. Вардарката Андреа Пенезиќ ја предводеше Хрватска до триумф со 7 постигнати голови и овие квалификации ги заврши со вкупно 52 постигнати голови, бројка со која докажува дека е вистински лидер на екипата.

Пласман на европското првенство обезбедија уште и репрезентациите на Чешка, Данска, Франција, Шпанија, Германија, Унгарија, Холандија, Норвешка, Полска, Романија, Русија и Србија.