Овогодинешното јубилејното 40-то издание на “Македонски бисер“ се одржа во малата сала при спортскиот центар “Борис Трајковски“. На истиот тројца македонски борачи беа победници во своите категориии, во категоријата до 97 килограми шампион беше Вардарецот Магомедгаџи Нуров.
Предводен од неговиот тренер професорот Љубиша Пешко одличниот Вардарец Магомедгаџи Нуров дојде до злато во својата категорија. Мораме да напоменеме дека до највисокото место на пиедесталот Нуров дојде на доминантен начин во борбите. Навистина е жално што овој преспективен борач не успеја да освои “виза“ за Олимписките игри во Рио на турнирите во Зрењанин, Улан Батор и Истамбул. редакцијата на Вардар фанс му го честите првото место на нашиот борач, неговиот тренер и целиот БК Вардар.