Краток беше одморот на црвено-црните шампиони. Според планот за подготовки, првиот тренинг со кој официјално ќе се тргне пред квалификациите за ЛШ и со кој ќе биде означен почетокот на летните подготовки е закажан за на 8 јуни, (среда).
Овие подготовки стандардно почнуваат овој период, бидејќи Вардар ќе настапи на Европската сцена каде нашите момци ќе настапат во 2.коло во Лигата на Шампионите. Денес и утре (понеделник и вторник), црвено-црните момци ќе треба да се појават и на вообичаените лекарски прегледи кој се пракса пред секое почнување на нови подготовки. Според зацртаниот план првите денови од летните подготовки ќе се одработат во клупскиот тренинг камп, во скопската населбата Хиподром. Веднаш потоа екипата ќе отпатува на вистински подготовки во странство. Првиот дел од подготовките Вардарци ќе ги минат во компелксот „Авита“ во Бад Тацмансдорф – Австрија каде и минатата година се реализираа успешно дел од летните подготовки на фудбалскиот клуб Вардар.